[Фото] Граѓани се собраа пред зградата во која живее човекот што со секира уби куче

Човекот кој попладнево со секира убил куче во близина на скопско кафуле, во населбата Дебар Маало, моментално се наоѓа во полициска станица, откако сам се пријавил, тврдат активисти за Радио МОФ.

На местото на злосторството се уште се наоѓа убиеното куче покриено со ќеса, а во меѓувреме се насобра поголема група граѓани, кои претходно се организираа преку социјалните мрежи, вознемирени од случката.


Локалните жители велат дека го знаат маалското милениче, за нив познато како Идриз. Тој бил мирен и редовно вакциниран, а му се барал и постојан дом.

Градоначалникот на општина Центар соопшти дека веднаш реагирал по настанот и дека за ова разговарал со командирот на П.С. Центар.

„Само што зборував со Командирот на П.С. Центар. Според нив, обезбедени се сите докази за свирепото убивање на куче со секира. И официјално е утврден идентитетот, истрагата е завршена и сторителот ќе одговара. Јасно ми беше соопштено дека, согласно одредбите од Законот, ќе биде поднесена кривина пријава“, информира Жерновски.

sobir ubistvo kuce 2

sobir ubistvo kuce

Според Член 233 од Кривичниот законик:

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

Присутните кои го посведочиле крвавиот настан, меѓу кои и актерот Висар Вишка, споделија видео и фотографии на кои јасно се гледапостариот маж, кој како што трвдат, дошол со секира и го убил кучето.

Фотографија на очевидец од човекот што го убил кучето

На видеото тој вели дека кучето го имало нападнато и дека лаело, па тоа била причината поради која го убил.