[ФОТО] „Градска плажа“ од отпад во Тетово

 

Невообичаено топлиот ноемвриски ден беше причина за тетовци да излезат и да ја посетат „новата градска плажа“ во Тетово. Благодарение на поплавите кои што се случија во август оваа година, како и „посветеноста“ на градските комунални власти, тетовци за прв пат имаат уникатна можност да уживаат во благодатите на плажата.

„Сеа од кој ни ја спремија плажава, се надевамо дека у следниов период властите ќе почна да работаа и на преземање на активности со цел да не пиемо вода и да не пиемо воздух кој што ќе не убија, и дека нашите реке нема да бида затрупани со ѓубре, а храната нема да ни биде затруена. Ова е важно пошто природата што смо ја наследиле од нашите предци треба да ја остаемо на потомците. Мие граѓаните на Тетоо едноставно заслужуемо подобро,“  вели еден од присутните на плажата во својот саркастичен коментар.

Поледнете ги фотографиите направени од активистите во Тетово кои укажуваат на катастрофалната состојба и „новата плажа“ од отпад во Тетово: