[Фото] Гигантски велосипед за проблемот со кражбата на велосипеди во Македонија

Тимот на Центарот за современи уметности – Скопје (ЦСУ) спроведе уште една урбана уметничка акција.

Поставувањето на овој гигантски велосипед има за цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија. Ова е проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како превозно средство, велат од ЦСУ.

„Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000-ти велосипед.“ соопштуваат од ЦСУ.

Велосипедот кој се наоѓа кај зградата на Службен Весник на булеварот „Партизански Одреди“ е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Урбаната акција е дел од активноста Креативни заедници, спроведувана од тимот на Центарот за современти уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од УСАИД.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.