[Фото] „Еко-герила“: Дивата депонија – срамот кој ви посакува добредојде

Расфрлани животински глави, внатрешни органи и коски, помешани со тони ѓубре и градежен шут продолжува да ги „пече“ на сонце од 40 степени на влезот на Тетово.

Радио МОФ на неколку пати веќе пишуваше за озлогласената „дива депонија“, а Здружението „Еко-герила“ на 1 август повторно објави фотографии со порака:

„Дивата депонија во влезот на Тетово. Срамот кој ви посакува добредојде“.