[Фото] „Ѕидот на Ленон“ во Хонг Конг преполн со пораки за поддршка на анти-владиното движење

Синоќа во Хонг Конг демонстранти се судрија меѓу себе – едните во одбрана на владата, а другите против предлог-законот со кој се прошируваат можностите за екстрадиција во Кина.

Веќе цел месец Хонг Конг е зафатен од големи демонстрации. Судирот започнал откако дел од владините поддржувачи се обиделе да ги отстранат пораките поставени на „Ѕидот на Ленон“ со поддршка на анти-владиното движење. Протестот ескалирал додека млади активисти започнале со поставување на стикерите во близина на метрото во дистриктот Квунг Тонг, кога се појавиле десетици, претежно средовечни, луѓе кои започнале на вербален начин да се пресметуваат со нив.

Епилогот е најмалку тројца уапсени  и едно лице во болница.

Стикерите се исполнети со пораки насочени кон властите.

Иако Хонг Конг беше вратен од британската под кинеска власт на 1 јули 1997 година, сè уште има одредена административна автономија под договорот познат како „една држава, два системи“.

 Инаку, „Ѕидот на Ленон“ настана во 2014 година за време на продемократските протести познати како Чадор револуција, кога граѓани побараа демократски избори во Хонг Конг.

Оригиналната идеја потекнува од Прага, по атентатот на Џон Ленон. Се користеше за изразување на политички ставови против комунистичкиот режим.