[Фото] Ден 3 на Д фест: Енергична журка на дожд

Силниот дожд не беше препрека за енергична забава на третиот ден на Д фестивал во Дојран.

Преку ден, маестрото Влатко Стефановски одржа концерт во црквата, привлекувајќи огромна публика која се потсетуваше и ги  пееше неговите хитови.

Поради дождот, дел се повлекоа во своите шатори, а останатите останаа да се журкаат со Фолтин и Bad Copy. Тие ја загреаја атмосферата која кулминираше со настапот на популарниот Махмут Орхан.

Танцување на дожд се покажа како одлична комбинација со завршниот настап на електронското трио Noisia.

Вечерта како и обично заврши на Lake Awake сцената каде со звуците на Flooder, Tom Novy и Nikifor го дочекавме прекрасното изгрејсонце над Дојранското Езеро.

Денеска, пак, во кампот се готви, се црта со спреј, се игра фудбал и се полнат батериите за вечерва.

За атмосферата од фестивалските вечери следете го Радио МОФ на Инстаграм.