„Флукс“ со спот за песната „Сè околу нас“

Скопската панк-група „Флукс“ објави видео запис за песната „Сè околу нас“, во која како гостин се појавува музичарот Саше Љолес.

Песната е дел од истоимениот албум на групата кој се состои од девет песни. Албумот кој беше промовиран на 7 април, претставува трет нивни албум.