Финансискиот јаз меѓу државите ќе го забави решавањето на проблемот со климатските промени

Двонеделната конференција за климатски промени што се одржуваше од 6 до 16 јуни во Бон, Германија заврши со несогласување меѓу земјите во развој и богатите држави.

„Би-Би-Си“ јавува дека земјите во развој не можат да се задржат кон донесените одлуки за намалување на штетите од климатските промени бидејќи се опоравуваат од штетните емисии што ги предизвикуваат развиените земји и немаат ресурси за спроведување на одлуките. Тие се надеваат дека ќе дојде до компензација на официјалната агенда за дискусии меѓу светските лидери во номвери, кога треба да се одржи следниот самит за климатските промени – КОП 27.

Главниот спор настанува бидејќи САД и земјите од Европската Унија не се сложуваат за компензирање на одлуките во однос на финансискиот аспект, бидејќи се плашат дека ако платат за овие историски емисии тоа може да ги задолжи нивните држави во следните децении па дури и векови.

Главниот претставник на алијансата на мали острови (АОSIS), Конорд Ханте за време на бонската конференција изјави дека климатската вонредна состојба брзо станува катастрофа, додека дел од претставниците од земјите во развој го споделија личното искуство за влијанието на климатските промени на нивната територија.

„Ние веќе 25 години живееме со загуби и штети во последните 25 години. Имаме семејства кои ги загубија своите домови, животи и никој не плаќа за тоа, полека ги губиме нашите ресурси, а во исто време зависиме од големи долгови“, изјави Адриана Васкез Родригез од „Ла рута дел Клима“, еколошка организација од Коста Рика.

Иако финансиското прашање нема да биде поставено на КОП 27 што ќе се одржи есенва во Египет, земјите во развој ќе продолжат да инсистираат нивниот глас да биде слушнат, но премостувањето на јазот меѓу сиромашните и богатите по ова прашање нема да биде лесен.