„Филмот како тим – проблеми во комуникација и решенија“ – мастерклас со Ѓорче Ставревски

Факултетското студентско собрание при Факултетот за драмски уметности (ФСС ФДУ) ќе започне со серија на мастеркласови со цел да ги прошири и одржи во живот креативните и културните видици на студентите кои се занимаваат, но и се љубители на театарот и филмот, преку споделување на искуствата, начините и методите на нивните постари колеги.

На 22 април, ќе се одржи и првиот мастерклас од серијата на тема “„Филмот како тим – Проблеми во комуникација и решенија.“, а ментор ќе биде филмскиот режисер и сценарист Ѓорче Ставревски. Тој дипломирал во 2008 година во класата на Столе Попов и е автор на филмот „Исцелител“ и добитник на многу награди.

Мастеркласот ќе се одржи онлајн, преку платформата „Зум“, а бројот на учесници е ограничен на 25. Од Академската сцена информираат дека право на учество имаат сите студенти на УКИМ, а предност ќе имаат студентите на ФДУ ќе имаат предност.

Сите заинтересирани за проследување на мастеркласот може да се пријават тука.