Фестивал на шегата вечерва во Кавадарци

„Дедо цепе бурина“ е насловен Фестивалот на вицот и шегата што ќе се одржи вечерва во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

„Дедо цепе бурина“ е насловен Фестивалот на вицот и шегата што ќе се одржи вечерва во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

Традиционално по деветти пат, ќе има избор на најдобар виц, шега и скеч, а присутните ќе имаат можност да се напијат ракија и да каснат коледарски колбаси. Најдобрите шегаџии ќе добијат награди и коледашки.

Настанот ќе биде проследен со музичка програма. Од Културниот дом како организатор, најавуваат добра забава. Потсетуваат дека од година на година расте интересот за овој фестивал, кој има за цел да внесе позитивна енергија за време на празниците.

Фестивалот на шегата ќе започне во 18 часот.