„Фестивал на јадење книги број 9“ на 19 април во „Пепер“

Како и секој април, BookBox  ја слави врската помеѓу јадењето и читањето преку „Фестивал на јадење книги“. Овој пат на уживањата им додава и трет елемент. Главната тема на деветтииот фестивал што ќе се одржи во „Пепер“ на 19 април е – „Книги и музика“.

„Тука би можеле да спаѓаат книги за музика, такви напишани од познати музичари, нивни автобиографии и биографии, дела кои во насловот имаат нешто поврзано со одредена песна или музички термин, чии ликови се опседнати со музика или во кои музиката игра многу битна улога. Ако сте махери, доаѓаат предвид и хранливи дела кои произведуваат звуци- можеби ролати на кои може да се свири како на флејта, или ксилофони направени од бисквити“, соопштува BookBox.

Како и секоја година, оставaaт на гостите да изненадат со своите вештини и фантазија.

„Донесете што и да е солено или благо што може да се јаде, поставете го на заедничката софра, а потоа со гласање ќе се одредат првите три најдобри дела. Почетокот е во 17 часот, гласањето во 18 – донесете ги вашите креации најдоцна до тогаш! Важно: Секој оној кој знае да пее или свири може слободно да го донесе својот инструмент и да настапи анплагд пред ‘Пепер’. Другите ќе пееме во хорче, со полни усти“, се вели во најавата за настанот.

Фестивалот на јадење книги останува волонтерски, ќефлиски и неспонзориран од никого освен од самите организатори и учесници.