Фестивал „Конект“ во 5 скопски гимназии и журка на Школка

Од 8 до 13 април ќе се одржува третото издание на средношколскиот фестивал „Конект“ во кој учествуваат средните училишта „Никола Карев”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито” „Георги Димитров” и „Раде Јовчевски Корчагин“.

Главната цел на фестивалот е да се организираат серијал од настани кои ќе бидат интерактивни, меѓугимназиски и инклузивни. Како и ланската година така и oваа фестивалот ќе содржи вкупно 6 настани, по еден во секоја гимназија и главен завршен музички настан кој ке се одржи на 13 април, на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Овогодинешната програма почнува во Орце Николов со настан кој е втемелен во натпреварувачки дух. Со почеток во 19:00 натпреварувачите од гимназиите ќе имаат можност да се натпреваруваат во „Трка на Штикли” и Fiba 3×3 U18 турнир по кошарка и воедно луѓето што на лице место ќе сакаат да бидат дел од настанот ке имаат можност да играат „Dodgeball“.

Вториот ден е резервиран за импровизации во Корчагин, каде што средношколците од повеќе средни училишта ќе ги покажат своите имповизациски способности, а за крај настанот ќе биде финиширан од импров групатa „Настап“. Во среда фестивалот се сели во Георги Димитров, на панел дискусија со проф. по психологија Ана Фрицханд, а Бубо К-15 и Весна Бејби ќе ја споделат нивната богата историја, истовремено смеејќи и инспирирајќи. За време на настанот ќе бидат поставени штандови за донации, „Чекор по Чекор”, штанд за размена на книги и изложба на дела.

Четврток во Карев средношколците ја изразуваат креативноста со правење Custom ранец/маица. Атмосферата ќе биде збогатена со додатни ефекти, а за журката на кругче ќе се погрижат Скопски Грув. Петочкото Рандеву ќе се одржи годинава во „Јосип Броз Тито“, каде што „ќе можете да дојдете и да го пронајдете вашиот дејт“.

Главниот настан, Школка, започнува во 18:00 часот со Скопски Грув и специјалитетите на „Fat kitchen“ и „Mr. Hot Dog… За тие што имаат креативни нагони ќе има поставено кола која што ќе може секој по своја желба да ја украси/исцрта со спреj. Главната точка е во 20:30 каде што Панчо Shorty P и DJ Чваре ќе настапуваат „back 2 back“. Мастермајндот Брус од Foolish Green, кој воедно има продуцирано бројни песни и за Легијата е тука да му даде нова димензија на настанот. Иднината на македонската хип-хоп култура ќе се погрижат за да дадат една увертира за што не чека во иднина на македонската музичка сцена.

„Од Matej Foltz и ZeeBomb до S.A.M., Dope Kukjata и Крајм спектарот на перспективните рапери е широк за настанот на 13 април. Вечерта ќе се префрли на повеќе House и Techno звуци со колективите Pirka и Techtum, колективи кои играат значителна улога на скопската техно сцена. Така и ќе ја завршиме вечерта, со тоа што расположението за играње ќе не одржува во живот до самиот крај“, најавуваат од „Конект“.

*Дополнување* 3 април, 2019: Поради непланирани обврски, „back 2 back“ настапот на ДЈ Панчо е откажан. Место него, заедно ќе настапат ДЈ Чваре „back 2 back“ со  ДЈ Страјк. Организаторите на „Конект“ најавуваат уште побесна журка.