Фејсбук воведе нова видео алатка за честитање на роденденот

Фејсбук им понуди на своите корисници нов начин да се потсетат на нивните родендени. Компанијата воведува нова видео алатка која автоматски создава видео ден по роденденот, во која ги прикажува сликите и роденденските пораки од пријателите.

Функцијата ќе биде достапна во наредните неколку дена.Видеото, ден по роденденот ќе се појави на почетокот на ѕидот на корисникот, во треање од 45 секунди. Како и со другите лични видеа кои ги креира Фејсбук, ќе можете да се менуваат клиповите со додавање или отстранување на одредени места.

Претходно оваа година, на социјалната мрежа се промовираше алатка која им овозможува на корисниците да снимат посебни роденденски видеа за своите пријатели.

Фејсбук стана дел од роденденската прослава на луѓето во текот на годините, а компанијата вели дека нејзините корисници објавуваат повеќе од 100 милиони роденденски пораки секој ден.