Фејсбук со нов редизајниранa верзија за десктоп и „дарк моуд“ опција

Нова, редизајнирана „Фејсбук“ верзија за десктоп е достапна на глобално ниво.

Во своја блог објава, компанијата вели дека новата верзија е побрза, полесна за употребување, а дозволува и „дарк моуд“ опција.

Опцијата за „дарк моуд“ се одвојува од другите нови карактеристики како што се потесниот „фид“, поголемите икони и „мени“ кое дозволува корисникот брзо да се пренасочува низ опциите на апликацијата.

Целта на овој редизајн е оваа апликација да се ре-фокусира на работите кои луѓето највеќе ги користат, како настани групи и допишување. Со новиот редизајн не се укинува „фидот“, кој според компанијата, е веќе застарен концепт, кој го полни алгоритамот со бесцелни јавни постови и објави од страници.

Марк Цукерберг пред неколку месеци најавил пренасочување на целата компанија кон продукти фокусирани на приватност и нови карактеристики, откако повеќето корисници почнале да го поминуваат своето време на „Инстаграм“, „Тик Ток“, „Твич“ и „Јутјуб“.

Новиот редизајн на „Фејсбук“ ги презентира новите приоритети на компанијата, со фокусирање кон видео објави и лесен пристап кон настани и групи, како и редизајнирана позадина за „Месинџер“.

Извор: The Verge