Фејсбук им дал пристап до приватните пораки на своите корисници на Нетфликс и Спотифај

Компанијата Фејсбук на повеќе технолошки компании им овозможувал пристап до многу повеќе лични податоци на своите корисници од тоа што досега беше јавно познато, објави Њујорк Тајмс.

Весникот овие информации ги добиле откако дошле до неколку стотици страни на документи од Фејсбук, кои во детали ги опишуваат практиките на споделување на податоците на социјалната мрежа.

Од оваа пракса требало да профитираат сите, најмногу преку дополнителен раст на нивниот бизнис. Фејсбук добивал повеќе корисници, зголемувајќи ги приходите од маркетинг. Партнерските компании добивале алатки со кои ги направиле поатрактивни нивните производи.

Скоро сите пријатели на корисниците на Фејсбук можеле да бидат достапни преку пребарувачот Мајкрософт Бинг без нивна дозвола. Нефликс и Спотифај имале пристап до приватните фејсбук пораки на корисниците. Амазон имале пристап до контакт информациите и корисничките имиња преку нивните пријатели, а Фејсбук им дозволувал и на Јаху да ги гледа објавите на пријателите на корисниците, иако претходно изјавија дека престанале да го прават тоа.

Американските медиуми пишуваат дека овие информации ги побиваат тврдењата на Фејсбук дека ги подобриле политиките за приватноста на корисниците. Токму овие политики се предмет на тековна истрага од амерканската Комисија за федерална трговија.

Фејсбук во реакција на текстот соопштиле дека нивните партнери немаат право да ги игнорираат уредувањата за приватност на луѓето и дека е погрешно да се тврди дека тоа го правеле.

„Низ годините ние станавме партнери со други компании за луѓето да можат да го користат Фејсбук на платформи и уреди кои директно не ги поддржуваме. За разлика од игра, стриминг сервис или други надворешни апликации, кои нудат услуги кои се независни од Фејсбук, овие партнери можат да нудат само специфични услуги на Фејсбук и не можат да користат информации за независни потреби“, одговориле од Фејсбук.