Фановите на Harry Potter оддадоа почит на Alan Rickman на перонот 9¾

Обожавателите на Harry Potter положија цвеќе, фотографии и свеќи на перонот 9¾ на станицата King’s Cross во Лондон, во чест на починатиот актер Alan Rickman.

Rickman ја толкуваше улогата на професорот Severus Snape во осумте филма за момчето волшебник.

Во серијалот Harry Potter, перонот 9¾ е магичен премин од обичниот свет во волшебниот, каде тргнува возот Hogwarts Express.

Писателката на серијалот, J.K. Rowling, како и неговите колеги актери Emma Watson, Daniel Radcliffe и James и Oliver Phelps, на социјалните медиуми објавија посвета за починатиот актер.

Radcliffe го нарече Rickman „без сомнение еден од најголемите актери со кои некогаш ќе работи“, и „една од најлојалните личности која секогаш му давала поддршка“.

Извор: Independent