Европскиот суд ѝ нареди на Русија да надомести штета на жртва на семејно насилство

Европскиот суд за човекови права ѝ нареди на Русија финансиски да ја надомести штетата на жртва на семејно насилство која ја напуштило државата, откако полицијата не успеа да презеде дејствија против поранешното момче кое ѝ се заканувало, пренесува Радио Слободна Европа.

Во одлуката на судот од 9-ти јули, се вели дека руските власти ги прекршиле правата на Валерија Володина кои ѝ се гарантирани со Европската конвенција за човекови права, со која се забранува тортура и „нечовечко и понижувачко постапување или казнување“ и дискриминација.

Според пресудата, Русија на Володина треба да ѝ исплати компензација од 20.000 евра и 5.875 евра за покривање на судските трошоци.

Володина, поранешна жителка на Уљјановск од регионот Волга, поднесе тужба до Европскиот суд во јуни 2017 година.

Во тужбата се вели дека нејзиното поранешно момче, неколку пати ја претепало, се заканувал дека ќе ја убие и ја киднапирал.

Володина, исто така, изјави дека полицијата во Уљановск ги игнорирала нејзините бројни формални повици за да ги извести властите да го истражат случајот како била третирана од нејзиното поранешно момче.

На почетокот на 2018 година, властите во Уљановск покренаа обвинение поради нарушувањето на приватноста на Володина откако тој објавил интимни фотографии од неа. Но, истрагите никогаш не довеле до судење.

Плашејќи се за својата безбедност, Володина го променила своето име и избегала од Русија.

Од државната статистичка агенција нa Русија велат дека 16 милиони жени биле жртви на семејно настилство во Русија од 2016 година.