Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која сите земји на ЕУ се повикува да го запрат гонењето на Едвард Сноуден. Како што се наведува во соопштението, премалку е сторено за да се заштитат основните човекови права во однос на масовното електронско следење, се наведува во резолуцијата изгласана во вторникот.
Пратениците побараа Европската Комисија да се осигура дека сите трансфери на податоци во САД се предмет на “ефикасно ниво на заштита” и побара членките на ЕУ да дадат заштита на Едвард Сноуден, како „бранител на човековите права”. Парламентот, исто така изрази загриженост за законите за надзор во неколку земји на ЕУ.
Со услојувањето на резолуцијата беа повикани државите, членки на ЕУ да „го запрат секое гонење на Сноуден, да му пружат заштита, како и да се спротистават на неговото екстрадирање или враќање во трети земји“.
Оваа резолуција, одобренa од мнозинството пратеници ги анализира преземените активности од страна на Европската комисија, другите институции на ЕУ и земјите-членки на препораките дадени од страна на Парламентот во својата резолуција од 12 март 2014 година, за електронското следење на граѓаните на ЕУ, изработена во периодот кога беа откриени класифицирани податоци од Едвард Сноуден. Бившиот соработник на специјалните служби на САД, во 2013 објави податоци според кои американската Агенција за национална безбедност масовно шпиунирала граѓаните на ЕУ,но и европски лидери.