ЕВН ќе постави изолатори на 100 далекуводни столбови во Овче Поле за заштита на птиците од струен удар

ЕВН Македонија ја почна имплементацијата на најновиот проект за заштита на птиците од струен удар во регионот на Овче Поле.

Екипите на ЕВН ќе постават изолатори за заштита на птиците од струен удар. Проектот се реализира заедно со граѓанската организација „АКВИЛА“ која ги донира изолаторите, а ЕВН ја обезбедува логистиката за нивно поставување.

„Проектот има за цел намалување на смртноста на птиците во овој регион. Заштитата на загрозениот вид на „Царски орел“ кој во последно време покажува загрижувачки висок степен на морталитет, е главната причина за поддржување на оваа иницијатива. На 100 среднонапонски далекуводни столбови ќе бидат поставени заштитите, а според планот и динамиката на реализација, проектот ќе се спроведе во неколку фази и ќе се комплетира во месец мај и јуни“, информираат од ЕВН.