Еуростат: Скандинавците најсреќни, Бугарите најнесреќни, Македонците ги нема на листата

Данците се најсреќниот народ, Бугарите се најмалку среќнен народ според последното истражување на Еуростат во кое се анализира колку се задоволни од својот живот граѓаните во Европа. Во истражувањето на Евростат не е анализиран животот на македонските граѓани и Македонија ја нема на оваа листа.

Во просек Европјаните го оценуваат нивниот живот со оценка 7.1 од 10, се вели во публикацијата на оваа агенција објавена еден ден непосредно пред Светскиот ден на радоста – 20 март. Данците, Финците, Швајцарците и Швеѓаните биле најмногу задоволни од својот живот, со просек од осум.После нив, со оценка од 7.8 се и Австријците и Холанѓаните.

На самиот крај на листата се наоѓа Бугарија со оценка 4.8. Животот е уште помизерен за повозрасните групи, додека Бугарите на возраст помеѓу 16 и 24 го рангираат нивниот живот со 5.8, а повозрасните од 75 велат го оценуваат нивното задоволство со 3.8.

Слаби оцени за својот живот како дел од ЕУ дале и Грција, Кипар, Унгарија, Србија и Португалија. Освен Македонија, истражувањето не содржи резултати и за Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција.

Во целост, животот станува помалку задоволителен за Европјаните како што стареат, иако доаѓа до мал судир на возраст од 65 до 74. Во Данска, на пример, луѓето кои се во таа група се најсреќни (8.6). Според Еуростат, причината за ова е бидејќи луѓето во оваа група влегуваат во пензија. Високите стапки на задоволителност се поврзани со подобро образование, подобра финансиска состојба и кога луѓето се послободни да зборуваат за проблеми или да побараат помош од некој кога им е потребно.

Според извештајот, речиси и да нема разлика во нивото на задоволителност помеѓу мажите и жените.