Ердоган и владејачката партија изгубија во Истанбул со уште поголема разлика

Владејачката политичка АК партија под водство на Реџеп Таип Ердоган загуби и во вториот круг на прегласување за градоначалничкото место на најгоемиот град во Турција. Како и во првиот круг, победата во Истанбул му припадна на Екрем Имамомглу, кандидат на опозициската партија.

Тој за зголеми разликата во гласови на дури 770.000 по првичните пребројувања и убедливо го презеде водството на градот на Босфор. Прегласувањето се одржа откако првичните резултати од гласањето во март, каде Имамоглу победи со 13.000 гласови разлика, беа анулирани поради неправилности.

Ова го прекинува 25-годишното владеење на АК партијата во Истанбул, кој е можеби најзначајниот град во оваа земја. Со речиси 15 милиони жители тој формира безмалку третина од БДП-то на Турција.

„Му честитам на Екрем Имамоглу кој ги победи изоборите според првичните резултати“, сподели претседателот Ердоган на својот твитер профил.

Имамоглу, член на ЦХ партијата во својот победнички говор изјави дека „оваа победа означува нов почеток за градот, но и за државата. Гласачите со ова ја поправија демократијата во државата“.