„Епл“ брише апликации што ја откриваат локацијата

„Епл“  започна со отстранување на апликации од својот App Store кои споделуваат податоци за локацијата на корисникот со трети страни, без согласност.

Станува збор за кршење на членовите 5.1.1 и 5.1.2 од правилникот на компанијата во кој се наведува дека апликациите не смеат да испраќаат податоци за локацијата на трети страни без согласност од корисникот, ниту да ги користат за недозволени цели.

Девелоперите кои ги прекршиле правилата се известени, а „Епл“ ги информирал дека нивните апликации не се во склад со новата евалуација.

Меѓу тие апликации се и оние кои не им пружаат доволно јасни информации на корисниците за она што се случува со нивните податоци откако ќе бидат собрани.

Овој потег доаѓа по измените на законот за заштита на податоци кој во Европа ќе стапи на сила на 25-ти мај.

Новите правила налагаат компанијата да мора да добие јасно одобрување од корисникот чии податоци се собираат. Тоа значи дека компаниите ќе мора да бараат согласност од корисниците за користење на нивните податоци или јасно да нагласуваат дека ги користат истите.