Engage Kicks & Gigs: „Нема лабаво“

Во ова издание на Engage Kicks & Gigs, се дружиме со „Нема лабаво“, чиј нов албум „Во чие име зборите“ ќе биде промовиран утревечер, (19.04, 21 часот, МКЦ).

„Нема лабаво“ е соло проект на Ѓоко Зафировски – Шон. Претходно бил дел од бендовите Sidewalk, Fragment и Дени те чува.
На промоцијата на новиот албум, заедно со Шон ќе свират Khara, кумановски пост-рок бенд, тетовците High Control, спејс рокерите Astrolungs и сурф-рок бендот The Planktons.

Веб серијалот Engage Kicks & Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.
Во Engage Kicks and Gigs ja споjуваме публиката со нејзините омилени бендови, кои на сесиите снимени во нашето студио ги изведуваат своите најголеми хитови или најнов материјал акустично, во поинтимна и потопла атмосфера.

Звук – Ненад Трифуновски
Видео монтажа – Горјан Атанасов