Емисија за сестринството по повод Светскиот ден на медицинската сестра

По повод 12-ти мај, Светскиот ден на медицинската сестра, и одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството, Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ (ЗМСТАС) денеска (12-ти мај) со почеток од 12 часот ќе емитува емисијата посветена на сестринството.

„Годинава поради мерките за заштита на јавното здравје не сме во можност да го одбележиме настанот како и секоја година, но затоа во сопствена продукција реализиравме кратка емисија преку која сакаме да ја искажеме нашата почит кон сестринската професија“, додаваат од Здружението

Емисијата ќе се емитува на веб страната zanas.mk, а можете да ја погледнете на Јутјуб плејерот во продолжение: