Елени умреле од пластични кеси во Јапонија

Властите во Јапонија ги предупредија туристите да не ги хранат елените, откако во утробата на неколку мртви животни е пронајдена пластика, пишува Гардијан.

Голема количина на пластични кеси била пронајдена во утробата на девет од 14 елени кои угинале во периодот од март наваму.

Имено, иако во градот стојат натписи на англиски и кинески јазик, на кои се вели дека елените може да се хранат само со специјални „сенбеи“ крекери кои можат да се купат во локалните продавници и кои немаат пластична фолија, се чини дека туристите не се придржуваат кон овие упатства.

Туристите во кеси носат своја храна што им ја даваат на елените, а потоа ги фрлаат кесите и другиот пластичен омот. На елените кесите им мирисаат храна и потоа ги јадат.

Од Фондацијата за зачувување на елените во Нари соопштија дека пронашле огромни количини на пластични кеси и друга пластика во утробата на мртвите животни. Така еден елен проголтал 4,3 килограми пластика.

Се претпоставува дека дивите елени кои во Нари ги има околу 1300, ги привлекува мирисот на храната која се наоѓала во пластичната обвивка и потоа ја јадат.

Ветеринарот Рие Маруко рече дека елените умреле од глад откако пластиката која ја изеле целосно го нарушила нивниот комплексен дигестивен систем.