Екстензија на Хром ги блокира спојлерите за „Игра на тронови“

Спојлерите се голем проблем кога станува збор за популарниот серијал „Игра на тронови“. Во моментот кога нова епизода ќе се емитува, речиси е невозможно да се избегнат спојлерите на социјалните мрежи. Единствениот начин да се избегнат овие спојлери досега беше гледачот да остане офлајн.

Но, отсега за гледачите на серијата е достапна екстензијата на Хром која ги блокира објавите на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Реддит, или вестите  во кои се споменуваат клучни зборови од „Игра на тронови“, како на пример „Winterfell“ или „Targaryen“.

Според фотографијата, секоја објава која содржи спојлери за серијата, е покриена со црна боја врз која се прикажува шеговита порака. Екстензијата е доста корисна за оние луѓе кои не можат да ја изгледаат епизодата истиот ден кога се емитува и мораат да почекаат најмалку еден ден за да ја гледаат.