Експерименти, работилници и претстава – на Матка денес се слави роденденот на Никола Тесла

Изложбениот Центар „Матка“ организира прослава на роденденот на таткото на наизменичната струја и бројни други футуристички пронајдоци, Никола Тесла. Настанот е закажан за денеска, 10 јули, на роденденот на овој научник.

Агенда и распоред на активности:

11:00 – 12:00 часот
– „Гига мега бајка“
Театар за деца и младинци
*препорачлива возраст: 5-14 години; големина на група: 100

12:00 – 13:00 часот
– Креативна работилница за пишување „Приказни за електрицитетот”
Билјана Црвенковска
*препорачлива возраст: 9+ години; големина на група: до 30

– Уметничка работилница „Никола Тесла и електричната енергија”
проф. Јана Јакимовска
*препорачлива возраст: 6+ години; големина на група: до 30

– Предавањe „Моќта на електрицитетот“
проф. Филип Парталовски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:00 – 13:10 часот
– Проекција на краток документарец „Тесла ја користи моќта на Нијагарините водопади“
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

13:10 – 13:40 часот
– Пауза за ручек
*сите учесници

13:40 – 14:40 часот
– Експерименти:
> безжичен пренос на енергија
> високо фреквентна наизменична струја
> радио пренос
проф. Владимир Стефановски
*препорачлива возраст: 12+ години; големина на група: до 30

– Изработка на макети од Lego®
Young Engineers
*препорачлива возраст: 5+ години; големина на група: до 30

Влезот е бесплатен.