Екосвесниот филмски фестивал во Вашингтон ја нуди својата програма онлајн

Еколошки свесниот филмски фестивал во Вашингтон е специјализиран фестивал за филмови посветени на чистата околинa.

Уште од 1993 година, фестивалот ја слави Земјата и ја пренесува свеста за климата преку силата на филмот.

Секоја година во март, во Вашингтон се организира еден од најголемите фестивали кој презентира повеќе од 100 филмови на 20.000 посетители.

Фестивалот кој соработува со музеи, универзитети, театри и амбасади, оваа година ја нуди својата програма онлајн и достапна за стримање.

Дел од филмовите ќе се прикачат во наредните денови.