Еколошка акција за садење дрва во Градски парк

По повод денот на Екологијата 21-ви март, тимот на МладиХаб –Дигитална младина, проект спроведен од Национален младински совет на Македонија и МАСИТ организираа еколошка акција за садење дрва во, како што најавија, стариот дел на Градски парк – Скопје.

Поради моменталната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД 19 вирусот, младите побараа сите задолжително за носат заштитни маски, додека средствата за дезинфекција и заштитните ракавици ги преземаа како своја должност.

Настанот првично беше најавен за 21 ви март, но поради дождот е преместен за оваа недела. Оваа акција е дел и од извршување на општокорисна работа во рамките на проектот МладиХаб. Проектот е поддржан од Британска Амбасада и Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија.