„Еко самит 2018“: 34 училишта и градинки добија „Зелено знаме“

Денеска се одржа „Еко самит 2018“ на кој 34 основни училишта и градинки добија „Зелено знаме“, интернационално признание за еко воспитно-образовни институции. Четири се наградени со сребрено ниво, а уште четири со бронзено.

На настанот, исто така се промовираше и регионалниот проект „Еко пакет Македонија“ на кој им беа дадени сите потребни материјали и информации за реализација на проектот во еко училиштата.

Наградени училишта и градинки со „Зелено знаме“ се:

ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

ООУ „Васил Главинов“

ООУ„Крсте Мисирков“

ООУ „Гоце Делчев“

ОУ „Раде Кратовче“

ООУ „Св.Кирил и Методиј“

ООУ „Гоце Делчев“

OOУ „Тоде Хаџи Тефов“

ОУ „Коле Канински“

ООУ„Рајко Жинзифов“

ОУ „Тодор Ангелевски“

ООУ„Св.Климент Охридски“

ООУ „Вера Јоциќ“

ООУ „Наум Охридски“

ООУ „Мирче Ацев“

ООУ,,Никола Карев“

ООУ „Дедо Иљо Малешевски“

ООУ „Страшо Пинџур“

ООУ „25 Мај“

ОУ„Св.Климент Охридски“

ОУ „Гоце Делчев “

ООУ „Блаже Конески“

ООУ „Гоце Делчев“

ООУ „Никола Петров – Русински“

ООУ „Даме Груев“

ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

ООУ „Кирил и Методиј“

ОЈУДГ „Астибо“

ЈДГОА „Срничка“

ЈОУДГ „Ангел Шајче“

ЈУДГ „Детска радост“

ЈОУДГ ,,Рада Поцева“

Ј.О.У.Д.Г „Гоце Делчев“

СЕТУГС „Михајло Пупин“

Наградени училишта со сребрено ниво се:

ООУ„Браќа Миладиновци“

ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“

ООУ,,Борис Трајковски“

ОУ,,Кочо Рацин“

Наградени училишта со бронзено ниво се:

ООУ „Димитар Македонски“

ООУ „Драга Стојановска“

ОУ „Даме Груев“

СОУ „Перо Наков“

Критериуми за наградување на еко-училиштата со Зелено знаме се: успешна реализација на 7 чекори еко-менаџмент, интегрирање на 9 еколошки теми во наставата и постигнати резултати од реализацијата на еко-стандардите.

Со членството во мрежата на еко училишта, училиштата но и локалната заедница се стекнуваат со повеќе придобивки:

– Активно учество на учениците, наставниците, вработените, родителите, локалната заедница, бизнис секторот и медиумите во преземањето на конкретни акции кон животната средина кои носат долгорочни и позитивни резултати;
– Финансиски заштеди за воспитно-образовните институции и локалната заедница;
– Учество на национални натпревари, конкурси за животна средина и еколошка едукација;
– Препознатливост, локален и интернационален публицитет и за воспитно-образовните институции и за локалната заедница;
– Можност за учество во програмата за мали грантови на ОХО;
– Вмрежување со училишта и градинки од националната мрежа на училишта.