„Еко Герила“ бара од Заев да и ги одземе ингеренциите на Теута Арифи

Градот Тетово е претворен во урбана пропаст, каде што преовладува сообраќајниот хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад воповеќето делови од градот, недостаток на вода за пиење во многу населби, недостаток на јавен превоз, недостаток на паркинг или катни гаражи, се вели во реакцијата на тетовската организација „Еко Герила“, кои бараат од премиерот Зоран Заев да и ги одземе ингеренциите на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Релевантните институции и инспекторати, заедно со сообраќајната полиција, велат од организацијата, доживеле тотален неуспех да воспостават реди закон, да го спречат загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и ослободувањето на јавните простори да бидат узурпирани пред нивните очи.

„На градот секој ден му се намалуваат и оние малку зелени површини што му останаа. Последниот пример, како што можете да видите во видеото, е уништувањето и узурпацијата на зелените јавни површиниво центарот на градот, подолжина на улицата „Борис Кидрич“. Додека парковите и зелените јавни површини во сопственост на сите граѓани, се бетонираат , општината молчи и не презема ништо за да го спречи тоа. Градот Тетово во моментов се чувствува како куќа без домаќин, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи и во својот втор мандат не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски да има чиста животна средина и функционален град. Фискалната транспарентност и одговорност како законска обврска кон граѓаните не беа испочитувани од страна на Општина Тетово“, реагираат од „Еко Герила“.

Со оглед на фактот дека за време на предизборната кампања во 2017 година, Зоран Заев од позиција на премиер даде отворена поддршка и ги замоли граѓаните да гласаат за Арифи, организацијата бара тој да и ги одземе ингеренциите на општина Тетово за кои, велат тие, истата не успеала целосно да управува и да се справува.

Дополнително, велат од организацијата, Јавното обвинителство треба да ги испита сите случаи на можна злоупотреба на службената должност.

„Еден од клучните услови за отворање преговори со ЕУ се реформите во правосутдство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото. Ние цениме и веруваме дека за овие неуспеси, вие како Претседател на Владата на РСМ треба дасносите одговорност и да интервениратеза ситуацијата што побрзо да се врати во нормала и во Тетово да се воспостави владеењето на правото“, стои во реакцијата.

Премиерот Заев денес на прес-конференција во Влада рече дека не знае за ваквото барање за Тетово.

„Да видиме кои се основите за одземање на ингеренции. Власта не смее така лесно да се меша во надлежности на друга власт, како што е општинска и локална самоуправа, мора по закон да бидат исполнети условите за одземање ингеренциите“, рече Заев.