Еко-фестивалот „Аларм за природата“ ќе се одржува во Ливадиште   

„Conquering Lion“, „Милко“, „Културно уметнички работници“,  Мухамед Ибраими, „Мугер Фугер“, Rootboy selector… се меѓу најавените артисти и бендови за еко-фестивалот „Аларм за природата“, кој од 26 јуни до 1 јули ќе се одржува во кампот Ливадиште, Струга.

Освен музичката програма, за фестивалот се најавени еко акции, презентации, разни предавања, ликовна колонија за слики за чиста животна средина, еколошки тимски предизвици, слем поезија итн.

За целата програма и информации за билети може да се види ТУКА.

„’Аларм за природата“ е иницијатива за обединување на силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата“, стои во најавата за фестивалот.