„Ефектот на Грета“ опфаќа се повеќе и повеќе млади онлајн активисти

Ако уживате во глетката како возрасни мажи поцрвенуваат кога помладите им кажуваат да намалат со јадењето месо и возењето кола, а наместо тоа да возат велосипеди, тогаш вам ви  се посреќило бидејќи постои армија од Грети кои им задаваат проблеми на „Пирс Броснаните“ во светот.

Според комуникацискиот набљудувач „Офком“, постои раст на онлајн активизмот кај младите луѓе, што сега е наречено „Ефектот на Грета“, според седумнаесетгодишната шведска, климатска активистка.

Минатата година, забележан е раст на тинејџери од 12 до 15 годишна возраст кои ги користат своите профили за да ги поддржат еко-организациите преку споделување и коментирање на нивните објави. Според „Офком“, скоро една петтина од тинејџерите во 2019 ги користеле социјалните мрежи за да дадат поддршка на организациите кои се еколошки, хуманитарни или политички, за разлика од 2018, кога истото го правеле само 12% од тинејџерите во таа возрасна група.

Тумберг го издигна својот школски протест против климатските промени на интернационално ниво во 2019, инспирирајќи ги децата од целиот свет да ги напуштат училишните часови и да побараат преземање на итни мерки против климатските промени.

Но овие генерални вистини за климатските промени ги налутија луѓето, односно средновечните мажи на моќни позиции, што предизвика уште повеќе деца да се приклучат на протестите. По сѐ изгледа дека има надеж за човештвото.

Извор: Dazed&Confused