Едукативен настан за матуранти „Запознај го УКИМ“

Матуранти, се уште немате донесено одлука каде ќе го продолжите своето Високо образование, или можеби се мислите помеѓу неколку факултети?, се вели во најавата за настанот „Запознај го УКИМ“ кој од 11 до 18 часот ќе се одржи на 2 ноември на Филозофски/Филолошки факултет „Блаже Конески“.

„Запознај го УКИМ“ е настан од информативен карактер кој цели да ги запознае матурантите малку повеќе со можностите за студирање кои ги нудат факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

„Матурантите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со факултетите на УКИМ и притоа да имаат непосреден контакт со професори и студенти од факултетите и можност да добијат одговор на секакви прашања поврзани со студирањето на истите, се со цел донесување на полесна одлука за Високото образование, како и својот понатамошниот кариерен пат“, соопштуваат „Младите можат“.

Организацијата наскоро најавува повеќе информации за забавните активности во текот на денот, за агендата и презентациите на сите факултети.

Сите заинтересирани, можат да го најават на ЛИНКОТ.

„Запознај го УКИМ“е настан во рамки на проектот Кариерен пат: Направи го првиот чекор, имплементиран од „Младите можат“, а поддржан од Агенција за млади и спорт.