Една милијарда луѓе го користеле Фејсбук во понеделникот

Социјалната мрежа Фејсбук достигна нов историски момент – една милијарда луѓе ја користеле мрежата во еден ден.

Извршниот директор Марк Цукерберг на својата официјална Фејсбук страница напиша:

„По некоја група пресметка, тоа значи дека еден од седум луѓе на Земјата користат Фејсбук за да се поврзат со нивните пријатели и семејството, во еден ден“.

Фејсбук е најголемата социјална мрежа во светот со 1,5 милијарди месечно активни корисници. Твитер, за споредба има 316 милиони активни корисници. Социјалната мрежа постојано бележи подем, а главна причина за тоа се се поголемиот број на мобилни корисници. Повеќе од 87 отсто од 968.000.000 луѓе кои се логираат на социјалната мрежа, секој ден, го прават тоа од паметен телефон или таблет, според Фејсбук.

„Нашата заедница се залага за давање на секој човек глас, за промовирање на разбирањето и за вклучување на сите можности во нашиот модерен свет“напиша Цукерберг.