Џиновска панда роди близначиња од „редок“ вид

Зоолошката „Паири Даиза“ од Белгија во петокот објави дека се родиле „екстремно ретки“ младенчиња, пишува Би-Би-Си.

Следните неколку дена за младенчињата ќе бидат од огромно значење, велат од Зоолошката. Животните и нивната мајка, Хао Хао, ќе бидат надгледувани од вработените за да се осигурат дали мајката правилно се грижи за нив.

„Раѓањето близнаци е прекрасна вест за овој извонреден вид кој се уште е во опасност. Многу сме горди“, вели Ерик Домб, претседател на Зоолошката.

Младенчињата се родени во четвртокот. Машката единка тежи 160 грама, додека женската единка која се родила два часа подоцна – 150 грама.

Getty

Со цел мајката Хао Хао да се одмори, вработените од Зоолошката ќе носат едно по едно младенче во инкубаторот и ќе го хранат со шише.

Според Светскиот фонд за животинскиот свет во дивината има помалку од 2.000 панди. Во 2016 година, статусот на џиновските панди беше променет од загрозен во ранлив од Меѓународната унија за зачувување на природата.