Џез-хитови со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија на ексклузивниот празничен концерт вечерва во Македонскиот народен театар ќе и понуди на публиката дел од најдобрите џез-композиции, големите хитови и џез-класици аранжирани за симфониски оркестар и вокал.

Оркестарот ќе го води Емин Џијан кој направи дел од аранжманите за композициите, а солист е вокалистката Марија Димитријевиќ.

На концертот ќе бидат изведени џез-хитовите „Take five“, „Love Me or Leave Me“, „Sing, Sing, Sing“, „Winter wonderland“, „Let it Snow“, „Stardust“, „Smile“, „Night and Day“, „I’ve Got You Under My Skin“, „Let’s dance“, „But Beautiful“и др.,  на големите џез-автори Пол Дезмонд, Кол Портер, Џул Стајн.

На сцената на Македонската филхармонија во ново руво ќе заживеат и композициите на Нина Симон, Ела Фицџералд, Чет Бејкер, Френк Синатра.