Џек Вајт стана првиот човек кој пушти музика во вселената

Музичарот и основач на продукциската куќа Third Man Records, Џек Вајт, стана првиот „вселенски диџеј“. Имено, Вајт лансираше грамофон кој може да работи во вселената, наречен Икарус Крафт. Направата беше испратена во вселената, закачена за балон кој лета на големи височини.

Првата плоча која Вајт ја пушти во вселената е A Glorious Dawn, сингл на познатиот американски астрофизичар Карл Саган кој Third Man го објави во 2010 година.

Балонот и грамофонот биле лансирани од Марсинг, Ајдахо.

Плочата почнала да свири при самиот лет. Направата лебдела нагоре околу 80 минути. Потоа балонот пукнал и Икарус Крафт паднал на Земјата.