Движењето „Fridays for future“ утре ќе одржи нов протест пред Влада

Движењето „Fridays for future“ (Петоци за иднината) утре од 12 часот (пладне) повикува на нов протест пред Влада, откако минатиот петок младите излегоа и побараа поголема акција за справување со климатските промени.

Со ова, младите од државата се приклучија на светското движење #FridaysForFuture кое започна од шведската тинејџерка Грета Тунберг. Дел од пораките беа „Стоп за јаглен“, „Имaте ли план“, „Нема планета Б“, „Помалку зборување, повеќе акција“, „Сакаме чист воздух“…

„Грета е само едно мало будење за глобалното затоплување. Иднината останува на младите. Се додека повозрасните не се грижат за нашата иднина, тогаш тоа останува на нас“, рече средношколката Елена на минатонеделниот собир кај Влада.

[Фото] Млади излегоа на протест барајќи поголема акција за справување со климатските промени