Дваесет романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Оваа година за наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ пристигнаа 38 романи, а жири-комисијата составена од претседателката Николина Андова Шопова, писателот Милован Стефановски, универзитетската професорка Весна Мојсова Чепишевска, писателот Славе Ѓорѓо Димовски и претставничката на Фондацијата „Славко Јаневски“ Катерина Богоева, одбраа 20 романи во првата селекција наслови што ја продолжуваат трката за оваа престижна награда. Жири-комисијата, која ќе направи повеќе селекции до соопштувањето на награда, на својот состанок ја констатираше изедначеноста на квалитетот на пристигнатите романи и разновидноста на тематските и стилските определби на авторите.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.

Во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2019 година се романите:

„Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или -Или“
„Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“
„Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“
„Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми – Ан“
„Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“
„Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
„Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
„Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
„Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска
10.„Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, ПНВ Публикации
„Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
„Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“
„Вилино“, Винка Саздова, „Три“
„Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“
„Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“
„Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
„Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
„Вергина“, Јана Узунова, „Или -Или“
„Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
„Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“