Дуално образование од учебната 2018-2019 година

На вчерашната, 72. седница, на Владата на РМ, е разгледана информацијата за реализација на активности за воведување дуално стручно образование во средните стручни училишта.

Министерството за образование и наука е задолжено да ја извести Владата за реализација на активностите за воведување дуално стручно образование од учебната 2018-2019 година, најдоцна до 15 август 2018 година.

 Покрај ова, министрите во Владата ја разгледаа и усвоија информацијата за потребата за изградба на пливачки базени од „Проектот пливачки базени“, и ја задолжија Агенцијата за млади и спорт, да преземе активности за реализација на проектот во координација со останатите надлежни министерства и со локалната самоуправа.