Drum Клиника со Гоце Стевковски, Дино Милосављевиќ и Михаил Парушев во МКЦ

Skopje Drum Talks на 13 март во Кино Фросина во МКЦ ќе ја претстават првата Drum клиника со тапанарите Гоце Стевковски, Дино Милосављевиќ и Михаил Парушев.

Предвидено е секој од нив да одржи презентација по што ќе следат прашања од публиката за техниките и вежбите кои ќе ги презентираат.

Настанот почнува во 18:30 часот, а влезот е бесплатен.

Повеќе информации можете да најдете на фејсбук настанот.