Драгославија – онлајн дрег шоу со кралици од седум балкански земји

Оваа недела со почеток во седум часот, ќе започне третото онлајн дрег шоу „Dragoslavija: Made in Balkan“,  со што овој пат рефлекторите ќе светат кон балканските артисти и перформери.

Заинтересираните ќе можат да се забавуваат со чудовитите настапи на седум балкански дрег кралици преку онлајн платформата „Твич“.

На второто онлајн балканско дрег шоу ќе настапуваат Asia Gemini, Diva Bigheart, Lana Vee, Fruktoza, Noname Anastasia Mess, Ostroga и Victoria Owns.

Водителка на шоуто ќе биде Petra HD, a како нејзина соговорничка и ко-водителка ќе се придружи и  Karmen Daš.

Драгославија е друштво на балкански дрег кралици кои го одржуваат сестринството и единството во време на глобалната пандемија.