Домот на млади во Штип распиша конкурс за цртежи на тема „Нашиот дом“

Општинската установа за култура Дом на млади-Штип распишува повик за избор на 7 авторски цртежи.

Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност, а идејата е да се отвори првата ваква галерија на отворено.

„Нашиот дом“ е темата на конкурсот.

Краен рок за аплицирање е 30 март, 2019 година.

„Оваа идеја има за цел да се даде простор на домашните автори да реализираат едно дело посветено на нашата институција која е симбол на градот. Покрај промоцијата на домашните уметници пред  јавноста ,ќе можат да се претстават  и уметници од останатите градови. Секој заинтересиран може да учествува на конкурсот со една идејна скица – концепт, во една од категориите:  1. Street art или 2. Graffiti“, информираат од Домот на млади во Штип.

Настанот ќе се реализира во периодот од 10-ти до 28 мај, а на 1 јуни ќе се случи официјалното отворање на галеријата во склоп на Сигнал фестивалот. Ќе се одржува два дена, на 1. јуни со изложба на фасадата и изведувачки  уличен перформанс и на  02. јуни со музички настан.

Организаторот за потребите на настанот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, фотодокументација и архивирање, изработка на брошура, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства  (7×6100 денари /нето).

Постојат  7 различни димензии на полиња, затоа авторите треба да ја земат предвид адаптибилноста на скицата. Точните позиционирања и организација на делата ќе се извршат по изборот на пристигнатите апликации од страна на тричлено жири во состав.Организаторот, по завршувањето на повикот, на 5. Април ќе ги објави јавно резултатите. Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.

Скиците треба да бидат испратени во плик со назнака за Галерија на отворено. Скицата на задната страна содржи шифра, а во друг плик се податоците за авторот и шифра на скица со назнака „не отвoрај” за конкурс Галерија на отворено. 

Дом на млади-Штип  Партизанска бб
Тел 032/394-243, директор 078/250-899
e-mail:domnamladishtip@gmail.com