Документарецот „Виа Динарика – Македонската Авантура” ќе го отвори Фестивалот на планински филм ЕХО

Документарниот филм „Виа Динарика – Македонската Авантура”, во понеделник (28 октомври)во Кино Милениум во 19 часот и премиерно ќе го отвори 10-тото јубилејно издание на Фестивалот на планински филм ЕХО.

,,Виа Динарика – Македонската Авантура” следи четири лични авантуристички приказни испреплетени на Виа Динарика во Северна Македонија, поврзани меѓусебно преку нивната љубов кон природата, планините, традицијата и нивната страст да го споделат тоа со светот.

Филмот е во режија на Сергеј Георгиев, продуценти се Александар Донев и Самир Љума, директор на фотографија е Самир Љума, за камерата и дронот е одговорен Андреј Ѓорѓиевски а монтажата е на Андреј Ѓорѓиевски и Сергеј Георгиев. Филмот е во продукција на Мастсидониа и Диверс Филм Продакшн и во конкуренција од 180 филмски дела на автори од 40 земји е избран за финалист на фестивалот.

Фестивалот ЕХО ќе трае до 1 ноември, а целата програма може да се види ТУКА.