Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун

Дваесет студенти денеска добија стипендии за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра од кои 50 проценти ги обезбедува Министерството за образование и наука, а останатите Сити колеџот.

Стипендиите на студентите денеска им ги врачи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.  Тие се доделуваат за постдипломски студии во областа на маркетингот, финансиите, општиот менаџмент, логистичката поддршка, или пак менаџментот во здравството.