Добив отказ откако се исмевав со Трамп, тврди американски карикатурист

Роб Роџерс е карикатурист од Питсбург, САД. Тој добик отказ минатата недела од магазинот „Пост газет“, каде работел од 1993 година. Ваквиот развој на настаните, според него оди спроти „основата на слободните медиуми“.

„Сузбивањето на ставовите во која било ситуација е лошо. Сакаме да имаме што повеќе мислења, а тие во весниците почнуваат да форсираат само едно. Мислам дека тоа се противи на суштината на новинарството – особено кога причината за тоа сузбивање е претседателот“, вели Роџерс за Гардијан.

Карикатурите на Роџерс излегувале пет пати неделно. Пред да го добие отказот шест карикатури не биле објавени. „Жал ми е што морам да ве информирам: денес, по 25 години работа како карикатурист во Питсбург Пост газет, добив отказ“, напиша тој во четвртокот на Твитер.

Според Роџерс, најверојатната причината за отпуштање се негови дела со Доналд Трамп.

Една од карикатурите на Роџерс

Во последните три месеци дури 19 негови предлози биле одбиени од уредникот Кит Барис или издавачот Џон Робинсон Блок. Според карикатуристот, не стигнало никакво официјално објаснување, но, наместо тоа, добил низа упатства и услови за работата, кои вклучувале и одобрување на неговите карикатури.

На последната карикатура бил дебел маж кој ги претставувал САД, набиен на железен носач со натпис „трговска војна“, мафтајќи со американско знаме и текст: „Примете го Канада, Мексико и Европа“.

Откако беше отпуштен, Роџерс го нацрта Трамп како се ракува со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и кажува: „Ти си толку талентиран и твојот народ те сака, види како се смеат!“, додека Ким стои на купче черепи.