„Дневната соба од иднината“ – повик за учество на работилница

Сервисите како Нетфликс и Јутуб ја прават нашата забава поубава, а уредите како Алекса ни го контролираат домот со гласовни команди. Но, сте помислиле ли некогаш колку податоци тие знаат за Вас и Вашите блиски? Се прашувате ли каде се чуваат личните информации, колку се безбедни, или како домашните уреди комуницираат меѓу себе и со Вас? И во иднина, колку дневната соба ќе знае за Вас?

Илија Тирицовски (Македонија) и Младен Ракоњац (Црна Гора) беа дел од конкурсот што го организираше Британски совет во ноември 2017 г, и тие освоија тринеделна посета во Обединетото кралство за да можат да ја остварат нивната идеја за идното искуство при гледање телевизија. Нивниот финален производ „Дневната соба од иднината“ е кратко интерактивно филмско искуство што ќе биде претставено за време на PlayUK Arcadia 2018 во Скопје.

Претставници на партнерските институции на овој проект ќе одржат работилница на која присутните ќе дознаат повеќе за концептот и технологијата. Апликацијата можете да ја најдете овде .

Оваа работилница ја истражува иднината на радиодифузијата и како луѓето се однесуваат во тродимензионален и персонализиран животен простор со користење на направи за Интернет на работи (ИР). До триесет учесници од Западен Балкан што работат во полето на ИР и дигитални медиуми ќе бидат поканети да учествуваат во работилницата и да ги прошират своите знаења во оваа област така што ќе работат со нивните колеги од Обединетото кралство и регионот.

Станува збор за истражувачки проект создаден преку проектот Потопени предмети на Советот за уметност и хуманистичко истражување (АХРЦ). Ова дело е соработка меѓу FACT, Би-Би-Си, Универзитетот Ланкастер, Универзитетот Нотингам и Универзитетот Јорк. Дополнителна поддршка дадоа Британскиот совет и истражувачкиот проект PETRAS на EPSRC, Истражувачки центар за кибер безбедност за интернет на работи.

Бројот на места е ограничен.