Дискусија за новинарството вечерва во кампот пред Владата

Слободата на новинарството е тема на вечерашната дискусија: “Кој го зароби новинарството во Македонија? Новинарите, државата или партијата? Како да го ослободиме?”, која ќе се одржи во кампот „Слобода“ пред Владата на Република Македонија, на 37-от ден од почетокот на протестот и подигањето на кампот.

Во дискусијата, која ќе се одвива од 19:00 до 20:30 часот, ќе учествуваат новинарите: Мери ЈордановскаБранко ГероскиДраган Антоновски и Зоран Бојаровски.