Дискусија и проекција на филмот „Големата, прекрасна и невидена природа“ во Вевчани

„Живеењето во заштитено подрачје носи голема одговорност за локалното население“, велат од „Еко-свест“, кои на 25 август заедно со жителите на Вевчани ќе го проследат документарецот „Големата, прекрасна и невидена природа“.

На настанот е предвидена дискусија со доц. д-р Сашка Петрова и Трајче Митев за предизвиците, но и придобивките од животот во заштитено подрачје. На настанот ќе се обрати градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

„Настанот е поддржан од УНДП Македонија, преку програмата за подобрување на управувањето со заштитени подрачја, а е спроведен од Еко-свест, општина Вевчани и Церн Камен 2257, во рамки на проектот ‘Воспоставување на систем за управување и мониторинг на заштитеното подрачје Вевчански извори’“, стои во најавата за проекцијата и дискусијата.

Настанот почнува во 19 часот, во амфитеатарот во Вевчани.